Со помош на оваа алатка, имате можност да направите брза проверка да проверите колку рационално ја трошите енергијата (електрична енергија или друг вид на енергент кој го користите), врз основа на оствареното производство и климатските податоци на конкретната локација.
За таа цел во продолжение потребно е да ги внесете бараните податоци (согласно инструкциите), по што алатката креира модел, кој во зависност од релевантноста дава соодветна прецизност на резултатите.
Алатката содржи серија на податоци од Јануари 2021 година до Ноември 2023 година. Моделот е порелевантен доколку се на располагање влезни податоци за подолг период. За да добиете точни резултати потребно е да внесете податоци за најмалку 12 месеци.
Користењето на алатката е бесплатно и внесените податоци од страна на корисниците не се предмет на складирање нити обработка од страна на Центар за климатски промени.
Да земеме на пример компанија која се бави со производство на млечни производи. Во алатката потребно е да се внесат вкупните месечни количини на млеко кои се потрошени за производство на готов производ (овчо сирење, кравјо сирење, кашкавал, кисело млеко и сл.) и потрошена енергија (вкупна енергија за целиот објект / хала за производство).
За да ја пресметате вкупната месечна количина на млеко потребно е да ги собере сите дневни количини на млеко во текот на месецот. Вкупната сума која ќе ја добиете ја запишувате во колоната за количина на производ.
За да ја пресметате енергијата, потребно е ја видите потрошувачката на енергија од сметките за електрична енергија или доколку се работи за екстра лесно масло (нафта), природен гас и сл., да ја ставите соодветната потрошувачка. Вкупната сума која ќе ја добиете ја запишувате во колоната за потрошена енергија.
За полесно користење на алатката подолу е даден видео прирачник за нејзино користење.
Доколку Ви се потребни дополнителни насоки за користење на алатката контактирајте не на: Ckp.skopje@gmail.com или на телефон +389 2 5208 330 секој работен од 9:00 до 17:00 часот.
За да започнете да ја користите алатката кликнете на копчето "Start".
Ограничување:
Оваа алатка е развиена како дел од проектот “Зголемување на отпорноста на микро мали и средни претпријатија преку намалување на трошоците за енергија за надминување на ефектите од енергетската криза и подобрување на бизнис услугите” финансиран од УСАИД. Сепак, искажаните ставови и мислења се само на авторот(ите) и не мора да ги одразуваат ставовите на УСАИД, за што УСАИД не може да биде одговорен за нив.