Кои сме ние?

Центарот за климатски промени е граѓанска организација целосно посветена на градење еколошки одговорно општество. Нашата стратешка работа се темели на имплементација на конкретни системски решенија за ублажување и адаптација на климатските промени, намалување на аерозагадувањето, промовирање на обновливи извори на енергија и воведување на принципите на циркуларната економија се со цел заштита на животната средина, природата и обезбедување поквалитетен живот за сите.

Со тим составен од инженери, правници и стручни лица постојано обезбедуваме решенија и поддршка за одржлив развој и унапредување на животната средина.

Наши aктивности

Нашата работа се темели на стратешко планирање и директна поддршка на општините и институциите, овозможувајќи им да ги трансформираат еколошките предизвици во одржливи локални политики. Преку промоција на одржлива енергија и конкретни мерки за намалување на загадувањето, ние го трасираме патот кон праведна транзиција која во центарот го става квалитетот на животот на секој поединец. Веруваме дека вистинската промена е можна само преку силно граѓанско општество и демократија, па затоа активно воспоставуваме механизми за партиципативно носење одлуки. Со спојување на стручното знаење и гласот на граѓаните, градиме инклузивен систем каде одговорноста кон природата е заеднички темел за просперитетна и чиста иднина.

Портфолио

Алатки

Зелена Агенда

SolarSync

PV GIS

Енергетска ефикасност

Аерозагадување

Добра земјоделска практика

Време Демир Капија

Алатка за одржливи практики